Промена на цената на горивата во Република Македонија, како и секој понеделник, согласно методологијата на Регулаторна комисија.
Со денешната одлука на Регулаторната комисија, од ноќеска малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 31.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 61,50 ден/литaр.
Mалопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,50 ден/литар, што значи Еуродизел ќе се продава по цена од 50,50 денари.
Од Регулаторната комисија истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување на цената на бензинот за 3,103%, односно 5,626% за дизелот.