Владата го зголеми опфатот за субвнционирање плати за уште 350 лица а ќе има и две други поволни мерки за граѓаните

|

На денешната владина седница усвоена е Информацијата за ревидиран Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година, односно мерките со кои Владата ја ублажува кризата.

Агенцијата за вработување ја изготви и достави оваа Информација до Владата и во истата образложи за потребата од зголемување на бројот на лица кои ќе добијат плата од државата бидејќи работодавецот не работи поради кризата. Согласно оваа информација, субвенционирањето плати се зголемува на 1.974 лица, од досега планираните 1.624, односно наместо 361.288.000 денари за оваа мерка, ќе бидат предвидени средства во износ од 441.088.000 денари. Разликата во вкупниот износ на средства доделени со оваа мерка ќе бидат обезбедени од нереализираните средства од останатите мерки кои беа донесени за намалување на невработеноста.

Министерството за труд и социјална политика и предложи на Владата од ИПА Акциската програма за 2020 година, сектор Конкурентност, иновации, земјоделство и рурален развој, две активни мерки, за самовработување (претприемништво) и формализација на постојни бизниси, со која се овозможува отворање вкупно 700 самовработувања, како и поддршка на микро, мали и средни претпријатија погодени со кризата и финансиска поддршка за секое новоотворено работно место.

-Активните програми за вработување и услугите на пазарот на трудот имаат за цел да ја зголемат вработливоста на невработените лица преку различен вид на програми и мерки со обезбедување поддршка за креирање нови работни места, обуки, работно ангажирање, како и обезбедување услуги на невработените лица, наведува од Владата на РС Македонија.