ОВЕН
Работа: Ако сте мислеле дека сте најлоши по резултати, не очајувајте. Нешто добро ќе се одигра на вашиот работен план овој пат.
Љубов: Мислите на една личност од порано, не сте расположени. Некои детали многу подобро ќе поминат доколку ги усогласите заедничките цели.
БИК
Работа: Помислата дека се е во ред, е само еден дел во однос на она што ви се случувало од порано. Морате да бидете оптимистични.
Љубов: Полето емоции е во ред, се додека не видите дека може многу подобро да се соработува кога сте опуштени.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Се борите за нешто повеќе во своето работно портфолио, но тоа сигурно не можете сами. Полесно е со заедничко залагање со колегите.
Љубов: Не сте од оние кои страдаат во овој сегмент кој е лошо поставен токму денеска. Морате да се изборите со себе и да пробате нешто подобро.
РАК
Работа: Триумфот кој го славите е поради заслуги од порано. Не е се во резултатите, ако ви се поставува отворена солуција за следниот период што се однесува до вашата работа.
Љубов: Време е да уживате во страста која ја чувствувате веќе долго време. Не очајувајте ако не ви оди онака како што сте планирале. Бидете трпеливи.
ЛАВ
Работа: Премногу сте лошо расположени на моменти, па нема да ви се случи нешто посебно значајно на вашето поле на финансии.
Љубов: Премногу сте горди за да постигнете нешто посебно денес на ова поле. Посакувате да бидете соло.
ДЕВИЦА
Работа: Изгубена битка не значи и изгубена војна. Се наоружувате и тргнувате во нови победи. Може да очекувате разрешување на некој проблем од минатото.
Љубов: Ве привлекува Рак. Може да почувствувате мала нетрпеливост од страна на оваа личност и да пробате да бидете подготвени на борба.
ВАГА
Работа: Нешто од порано што не сте успеале да завршите, ќе ве дочека во периодот пред вас. Не очајувајте, затоа што се стигнувате и своите задачи на време ги завршувате.
Љубов: Наклонети сте кон брзи одлуки што во суштина не ви се советува. Морате да бидете трпеливи.
ШКОРПИЈА
Работа: Сте имале одлични потези и сега тргнувате од една пасивна позиција која ја сметате како одлична стартна позиција во следниот период.
Љубов: Се додека не се појави страст, не тргнувате понатаму во случувањата на емотивно поле. Еден Бик може да ви биде интересен.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Не очајувајте бидејќи денеска работите на ова поле ви се лошо поставени. Се се сведува на завршување на стандарните обврски.
Љубов: Не се разочарувајте поради некоја личност од минатото. Ќе имате шанса да соберете сила повторно да се активирате на ова поле.
ЈАРЕЦ
Работа: Не сте сами во работата со која се занимавате, и помош од стручњак ќе ви донесе поголема сатисфакција.
Љубов: Имате добар став и немојте да дозволите партнерот да работи што сака, туку земете ги работите во своите раце.
ВОДОЛИЈА
Работа: Не сте многу имуни на нечии приказни, па ќе бидете наклонети кон тоа сами да се лажете дека сте опкружени со пријатели. Не очајувајте.
Љубов: Чувствувате дека сте претерале во своите намери да направите одличен баланс меѓу своите желби и тоа што ви се нуди како резултат на се до сега.
РИБИ
Работа: Чувствувате дека ништо не сте пропуштиле, но исто така дека и некои детали не се скоцкани на вистинскиот начин. Повторете ги лекциите каде што не се чувствувате доволно сигурно.
Љубов: Особата во која сте се вљубиле е од променлив карактер. Но, некои детали ќе се подобрат во ваша корист.