Алка Вуица позираше без шминка на 60 години – ја споредуваат со Меган Маркл

|

Пејачката Алка Вуица на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира без никаква шминка на лицето. Поради својот природен изглед, таа доби комплименти од многу обожаватели, а некои дури ја споредуваа со познатата доскорашна членнка на кралското семејство во Англија – Меган Маркл.

“Кој е убав, е убав. И кога зборуваме за сличности, тука изгледате како Меган Маркл”, напиша еден од фановите. „Секогаш си убава “, ја пофали друг.

Фотографијата ја коментираше и пејачката Минеа, која беше воодушевена од спонтаноста на Алка.

“Природно е најубаво, вие сте вака поубава. Почитувани, вие сте повеќе од врвни”, рече таа.

Алка неодамна наполни 60 години, но со своите фотографии кои докажуваат дека младешкиот дух сè уште не ја напуштил, таа ги инспирира обожавателите скоро секој ден.

За да ја задржи својата линија и здрав изглед, Алка редовно вежба и ја следи диетата.