Се намалуваат цените на горивата од полноќ – еве што одлучи Регулаторна

|

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,93% во однос на Одлуката од 07.09.2020 година.

Новите малопродажни цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 60,50 ден/лит.

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) горивото и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, па според тоа ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чинат 49,00 ден/лит.
Мазутот М-1 НС исто така ќе има нова намалена цена и тоа за 1,407 ден/кг која ќе изнесува 24,549 ден/кг.

Од 15.09.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 58,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 60,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 49,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 49,00 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 24,549 (денари/килограм).