Од утре ќе почне исплатата на депозитите заглавени во Еуростандард – ова се деталите

|

Во четири банки од утре ќе започне враќањето на депозитите на клиентите на Еуростандард Банка.

Комерцијална, Стопанска банка- Ад Скопје, НЛБ и Халк банка од утре ќе имаат на своите шалтери штедачи на пропаднатата Еуростандард. 15 Септември е денот кога ќе почне исплатата на депозитите заглавени во Еуростандард за штедачи со сметки под 30 илјади евра, како и за оние 780 штедачи чии влогови се поголеми од оваа сума. И тие ќе добијат по точно 30 илјади евра додека, а останатите пари ќе мораат да ги бараат во стечајната постапка.

Фондот за осигурување на депозити, веќе ги трансферираше средствата во овие четири банки. Со планот за исплатана депозите, предвидено е штедачите на Еуростандард да бидат поделени во 4 групи врз основа на почетните букви на презимињата.

Распоред за исплата предвидува: Комерцијална банка- исплата на штедачите со презимиња на А, Б, В, Г и Д. НЛБ Банка-исплата на штедачите со презимиња на Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л и Љ. Стопанаска банка АД Скопје – исплата на штедачите со презимиња на М, Н, Њ, О, П и Р. Халкбанка АД – исплата на штедачите со презимиња на С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ и Ш.

Покрај физичките лица, депозити ќе може да подигнат и самостојни вршители на дејноста, трговци поединци, адвокати или нотари, а нивните пари ќе бидат исплатени во банката според првата буква од називот на фирмата.
При подигање на пари, потребно е со себе да се носат и документи за идентификација или уредно овластување.

За исплата на депозитите префрлени се околу 68,3 милиони евра, информираат од Фондот.