„Провинцијалки доаѓаат, студираат, а потоа прават се – за да се омажат овде, во Скопје“ – Ангела

|

Ангела Кузмановска, девојка од Скопје, која пред неколку години ги завршила своите студии на Правниот факултет во Скопје, со коментар на социјалните
мрежи во кој е разочарана од она што самата таа го видела за време на студентските денови:

Large group of students writing.

– Девојчиња, облечени како да доаѓаат во кафеана, а не на факултет, најпрво фини и навидум културни, подготвени на се само да извлечат нешто од тебе, да го запознаат градот и друштвото, дојдени со намера да се вкплопат по секоја цена, а потоа го покажуваат своето вистинско лице и карактер.
И од поновите генерации ги слушам истите муабети иако и јас лично ја имав приликата да запознаам куп вакви девојки на факултетот каде што студирав, станува збор за девојчиња полни со дволичност во карактерот, со намера да избегаат од своите родни краеви по секоја цена. Се запишуваат на некој од факултетите во главниот град, а подоцна без разлика дали ќе успеат во својата цел, најважно им е да најдат начин да се вклопат во друштвото, односно да се омажат и засекогаш да останат овде, во Скопје.

Е сега, тие можеби не се толку пребирливи за факултетот кој ќе го запишат, ама и тоа како точно знаат кому да му се залепат. Низ студенстките ходници и кафулиња каде често се движат слушаш муабети како се дојдени со таа намера, се жалат од градот од каде што се дојдени, како немало никакви шанси за напредок каде што живеат само стари луѓе, ноќниот живот е непостоечки, а овде се дојдени во потрага по добро ситуиран дечко, значи добро прочитајте: Не било каков, туку дечко со длабок џеб! По можност од угледна фамилија, која по студиите без проблем ќе и најде работа новата „снашка“.


Лично, здосадено ми е од ваквите привицијалки, девојчиња кои имаат сосема поинакви и според мене сосема погрешни ставови за животот. Треба сите вие да сфатите дека постојат многу други цели во животот кои треба да се постигнат. За крај – битен е и начинот преку кој ќе дојдете до истото, вака на сите им правите проблем, и за студирање и за наоѓање работа а и за тоа колку сте „достапни“ за момците.