Децата кои одат во градинка, се однесуваат подобро, од децата кои се дома – тврди една студија

|

Дали да го испратите детето во градинка или да останете дома барем до училишна возраст е дилема со која се соочуваат многу родители.

Покрај тоа, многу мајки се чувствуваат засрамено и мислат дека другите ги осудуваат затоа што нивните деца се во градинка за да можат мајките да се вратат на работа за да придонесат за семејниот приход, како и за нивната кариера. Но, една студија заклучи дека престојот во градинка може да му помогне на вашето дете да се однесува подобро.

Во студијата наречена „Early Child Care Type“, истражувачите испитувале 1.428 француски деца од моментот кога се родиле до нивниот 8-ми роденден. Истражувачите одлучиле да ја користат Франција како фокус на нивното истражување бидејќи нивото на деца што одат во градинка е многу високо.

Студијата ги документирала емоционалното и бихејвиоралното однесување на децата и ги споредило оние кои посетувале официјална градинка или дневна грижа за деца со оние кои биле во неформална средина, како што се оние што остануваат дома со родител, член на семејство или дадилка, наведува „Moms.com“.

За децата кои посетувале градинка или дневна грижа за деца, било откриено дека имаат помалку проблеми во однесувањето и биле подобри во врските меѓу врсниците отколку децата кои останале дома со родител или старател. Така, потврдено е дека изложувањето на децата во околината во која тие секојдневно комуницираат со други деца, дефинитивно може да биде од корист. Тоа им овозможува на децата да научат како да споделуваат, да играат и да комуницираат со врсници, додека многу деца што се дома можеби не се изложени на толку многу контакт со деца.

Студијата открива и дека девојчињата од семејства со поголеми примања имаат најголема корист од престојот во градинка, „особено во однос на врските меѓу врсниците, емоциите и просоцијалното однесување“.

„Пристапот до висококвалитетна грижа за децата во првите години од животот може да го подобри емоционалниот и когнитивниот развој на децата, да спречи подоцнежни емоционални потешкотии и да промовира просоцијално однесување“, објасни д-р Марија Мелчиор, една од авторите на студијата.