Хрватскиот моден блогер и готвач Вања Фотовиќ објави на ТикТок дека не ја поддржува Парадата на гордоста и објасни зошто нема да се приклучи на Загребската парада на гордоста на 19 септември.
“Тоа е нешто што не го поддржувам. Како може геј да не ја поддржува гордоста? Па, убаво. Затоа што не сваќам зошто воопшто се одржува и кои права се бараат, а што веќе не ви се дадени ? Мене, никој никогаш не ми го одзел моето право за било што. А ако зборуваме за правата да посвоиме дете и да се омажиме, тогаш одете да се венчате во Амстердам, а што се однесува до децата, јас никогаш не би дозволил да посвојат деца, не поради нив, туку затоа што тоа дете ќе доживее пет пати поголем терор од оној што го доживеавте вие самите како геј кога бевте во тие години “, рече Вања.
Потоа доби мноштво одговори на социјалните мрежи и реши да одговори на дел од нив.
“Знаев дека мојот став ќе предизвика многу бурни реакции кај припадниците на ЛГБТ популацијата. Како член на ЛГБТ популацијата, т.е. не сум член, јас сум само обичен „педер“, а не по избор, имам целосно право да кажам дека Парадата на гордоста е непотребна работа за мене и никој не може да ме убеди дека лижењето гол задник и брадавица на Парадата е нешто што треба да се прифати како нормално Не, никогаш не треба да се прифаќа како нормално затоа што ЛГБТ популацијата не е онаа која лиже брадавици на Парадата.
И за крај, кога станува збор за дискриминација на ЛГБТ популацијата, кажете ми дали аутистично дете, дете со посебни потреби, дебело дете и дете кое носи очила, кои исто така, доживуваат дискриминација секој ден, дали овие луѓе треба еден ден да имаат Парада на гордоста за аутизам? Не “, тој им одговори на оние што му рекоа дека” насекаде во светот на луѓето им се одземени правата заради сексуалноста – пренесува хрватски Index.hr