Продуцентската компанија од Англија – „ Space Hero LLC“ е на идеја да оранизира реално шоу во кое на учесникот че му овозможи да патува во вселената, односно да ја посети Меѓународната вселенска станица (МВС).
Тие се во преговори со компанијата Аксио Спејс од Хјустон, која организира приватни летови во вселената за да обезбеди место за „вредниот учесник“ да се качи на приватна вселенска капсула во 2023 година и да ја посети МВС, објави продукцијата.
Засега нема објава за временскиот период кога би се реализирала продукцијата на ова реално шоу, ниту пак каде е биде емитувано. Работното име на реалното шоу засега е „Вселенски херој“.
„Вселенски херој“ ќе му даде можност некому да стане првиот човек на светот избран да се приклучи на мисија на Меѓународната вселенска станица“, соопшти продуцентската куќа.
Шоуто ќе го следи победничкиот кандидат како преку напорни подготовки ќе биде спремен за десетдневен престој на вселенската станица.
МВС орбитира на височина од 400 километри над површината на Земјата и заеднички е управувана од претежно американски и руски екипи,кои спроведуваат научни експерименти неизводливи на површината на планетата.