Актерот Том Харди, наводно, е избран да биде следниот Џејмс Бонд. Харди треба да го замени Даниел Крејг, чие последно појавување како 007 по се излгеда е филмот кој е веќе снимен оваа година и се очекува во кино салите во Ноември оваа година.
Весникот „Дејли експрес“ повикувајќи се на извор близок до продукцијата, информира дека Даниел Крејг решил да се откаже од оваа улога во иднина и дека Том Харди ќе биде новиот 007.
Сепак, ова не е официјална потврда и затоа таквото тврдење треба да се земе со мала резерва. И други таблоиди тврдат дека уште во јуни се знаело дека Харди ќе ја добие улогата на славниот британски агент по успешната аудиција спроведена од продукциската куќа.
Харди е најпознат по соработката со режисерот Кристофер Нолан и улогите во филмовите „Витез на темнината: Враќање“, „Inception“, „Данкирк“, „Лудиот Макс: Пат на бесот“ и Марвеловиот „Веном“.