Влегувањето на Сонцето во знакот на Вага, ќе започне на 22 септември, а тоа ќе значи и почеток на периодот на владеењето на Вагата. Пред нас се многу предизвикувачки транзити, па подгответе се за вртоглаво патување низ светот на промените.
Според астролозите, добро е што промените се случуваат за време на владеењето на Вагата, бидејќи нејзината енергија ќе ви помогне да воспоставите рамнотежа и да го најдете најдоброто решение.
Тие велат дека е време е да се ослободиме од старите ментални конструкции и да му дозволиме на ветрот на промените да ги замени со нови, повеќе позитивни и поубави верувања.
Луѓето ќе имаат можност да филтрираат сè на вистински начин, преку објективност, интуиција и сопствена проценка. Ова особено ќе биде од помош кога кога Марс и Меркур се во исто време во ретроградна фаза.
Кога Марс и Меркур се ретроградни, можна е зголемена збунетост и неизвесност, но и силна интуиција. Интуицијата ќе ви помогне да воспоставите врска со себе и да го слушате вашиот внатрешен глас.
Иако можеби не го гледате вистинскиот пат, вие интуитивно ќе почувствувате во кој правец треба да се движите.
Вагата помага да ги почитувате правилата и законите на општеството, а на лично ниво таа ве потсетува на вашиот морал и на вистината. Треба да бидете во согласност со сопственото внатрешно битие и да препознаете што е правилно, а што погрешно според вашиот сопствен компас односно интуиција.
Вагата асоцира на прошка и сочувство. Треба да препознаете дека сите имаме кармичко патување и дека е наша одговорност да го направиме она што го сметаме за правилно за нашето срце, а не за срцата на другите, затоа во овој период на владеење на Вагата, поврзете се со вашето вистинско јас.
Oставете ги настрана туѓите мислења и споредби и пронајдете начин да ги почитувате вашата лична вистина, вашата мудрост и вашите мисли и чувства.