Пендаровски со писмо до Вартоломеј за МПЦ – Граѓаните со реакција до Пендаровски за името

|

Претседателот Стево Пендаровски упати писмо до архиепископот цариградски и вселенски патријарх, Вартоломеј, по повод почетокот на новата црковна година.


Во него Претседателот,го информира Вартоломеј дека како држава, изминативе три години, „решивме да го искористиме времето во наша полза и да ги оставиме зад нас историските несогласувања“.

„Ви се обраќам во името на голем дел од моите сограѓани коишто се идентификуваат како православни христијани и чија единствена желба и потреба е да се смират со своите ближни и да се упатат кон заедничката иднина, кон соживотот и кон вистинската слобода. Во оваа насока би сакал да упатам барање до Вашата Сесветост да го уважи повикот на нашиот благочестив народ и на нашата Црква да го употребите своето апелационо право, со што нашите граѓани од православна христијанска вероисповед, конечно, ќе ја добијат можноста да бидат еднакви со сите останати православни христијани во светот“, напиша шефот на државата.

По објавувањето на писмото на порталите, веднаш реагираа граѓаните на социјалните мрежи:

„Претседателе, се прашувам дали на Вартоломеј, од ова ваше обраќање ќе му биде јасно, во име на која држава се обраќате, со оглед дека не е наведено и за која црква станува збор!“, пишуваат граѓаните на Фејсбук и Твитер.

Претседателе, на луѓево сте им пратиле честитка од „нашата земја” и да ја примат „нашата” црква и  ги имате збунето. Како да знаат чија земја и црква ќе примат, пишуваат граѓани на социјалните мрежи.