Дејвид Бекам за првпат критикуван, за неговиот стајлинг (фото)

|

Иако е познат како човек кој има беспрекорен моден стил, овој пат не импресионираше многумина.
Викторија Бекам својата нова колекција ја претстави на Лондонската модна недела, а најголемата поддршка и пофалби за својата работа ги доби од нејзиното семејство кое седеше во публика.

Модната дизајнерка Викторија Бекам навремено ги извести своите обожаватели дека престижната ревија ќе се одржи виртуелно, без гости.

Сепак, Викторија не беше сама, туку ја поддржуваа членовите на нејзиното семејство кои се фотографираа веднаш по шоуто, со цел да го овековечат моментот.

– Моите омилени (и единствени) гости оваа сезона! Те сакам многу – напишала дизајнерката под сликата на нејзините синови Ромео (18) и Круз (15), ќерката Харпер (9) и нејзиниот сопруг Дејвид.

И додека нејзините фанови беа воодушевени од елеганцијата на синовите, како и долгиот пурпурен фустан на малата Харпер, кој совршено одговараше со ДокМартинките, Дејвид доби бројни критики на штета на неговиот стил.

Се чини дека сите погледи беа насочени кон стајлингот, односно кон нозете на Дејвид. Сите се прашуваа зошто тој се појави на модната ревија на неговата сопруга во чорапи и сандали.

Коментарите кои следуваа за неговиот стајлинг:
– Давид, те сакам! Но, чорапите и сандалите се големо „не“.
– Прекрасна семејна слика! Но, не можам да ја „поднесам“ таа комбинација на чорапи и сандали.
– Давид, зошто чорапи и сандали? Тоа никогаш не изгледало добро.