Од денес сите на работа – Владата остана на својата одлука

|

Владата ја донесе одлуката пред две недели, откако се отворија градинките и дневните центри за ран детски развој и се утврдија речиси сите протоколи за функционирање во сите сфери, со цел граѓаните да бидат заштитени.

Па така, од денес на работа се враќаат родителите на децата до шест години, лицата кои користат продолжено породилно отсуство и дел од хронично болните лица.

Во неколку наврати родителите организираа и протести против ваквата Одлука на Владата. Според нив, дел од децата не се запишани во градинка, каде и нема слободни места, а нема кој да ги чува и немаат доволно средства да платат негувателки да се грижат за нив.

Сепак од Владата останаа на својот став, бидејќи според нив обезбедена е целосна грижа за децата во градинките, и нелогично и беспредметно е родителите да не одат на работа.

Јагода Шахпаска, Министерката за труд и синоќа повтори дека дека Владата останува на ставот дека родителите треба да се вратат на работа.
– Со создавањето на услови за сместување на децата во градинки и дневни центри за ран детски развој, оставивме простор од две недели, до 23 септември, за враќање на сите родители на своите работни места. Поради ова се изгуби смислата зошто родителите би останале дома кога градинките работат – изјави министерката.