Секој од нас во животот има некоја силна жена. Ова се жените кои сите мажи сакаат да ги освојат, но премногу им е страв да им пријдат. Ако сметате дека и вие спаѓате во оваа категорија, сигурно ќе се пронајдете на листава.
1. Тие секогаш имаат цел
Целта е она што ги мотивира силните жени. Тие си поставуваат нова цел секој месец и не престануваат додека не ја достигнат. Тие знаат дека ништо не е сигурно во животот и дека мора напорно да работат за да ја постигнат зацртаната цел.
2. Тие не се нечија „опција“
Ѝ пишувате само во сабота навечер? Тогаш заборавете ја. Овие жени ја знаат нивната вредност и нема да дозволат да ги искористите. Ако навистина сакате да бидете со нив потребно е да им го посветите вниманието кое го сакаат и им е потребно.
3. Ги отстрануваат негативните луѓе од нивните животи
Силните жени секогаш кажуваат што мислат кога станува збор за нивните пријатели. Ако сте добар пријател, овие жени ќе ве сакаат. Но, ако им го влошувате животот, тие без двоумење ќе ве отстранат. Едноставно ќе го прекинат секој контакт со таквите луѓе без двоумење.
4. Не им е грижа за туѓото мислење
Овие жени немаат потреба од надворешни признанија за да се чувствуваат подобро.Тие секогаш се чувствуваат удобно во сопствената кожа.
5. Се прифаќаат себеси
Секој од нас има лоши и добри страни, а истото важи и за моќните жени. Но, наместо да се фокусираат на своите слабости тие ги прифаќаат. Ова им дава повеќе простор и време да се фокусираат на работите во кои се добри. И не си создаваат притисок, туку полека ги корегираат своите слабости.
6. Среќни се и кога се сингл
На силните жени не им е потребен некој друг за да бидат среќни. Единствениот начин на кој можете да бидете во врска со оваа жена е да ѝ го подобрите животот. Таа си е доволна самата себе си.
7. Нивниот круг на пријатели е мал
Моќните жени имале непријатни средби со негативни луѓе, па токму ова и ги направило силни. Затоа тие сакаат малку пријатели, но на кои ќе можат да им веруваат целосно. Подобро малку но вредни пријатели.
8. Не трпат непочитување
Овие жени ја знаат својата вредност и нема да дозволат да не ги почитувате. Знаат да почитуваат, и за возврат го очекуваат истото.
9. Несигурните мажи се плашат од нив
Силните жени се директни, со висока самодоверба и не простуваат. Мажите со самодоверба нема потреба да им докажуваат ништо и може да го прифатат фактот дека оваа жена е интелигентна и забавна.
10. Не им е страв да го направат првиот чекор
Силните жени знаат што сакаат и не им е страв да го побараат тоа. Ако ѝ се допаднете, подгответе се да ви пријде. Ќе го земе она што смета дека и припаѓа.