Мерните станици во главниот град денес беа обоени во црвено. Загадувањето на воздухот е неколку пати над дозволеното. Најзагадено е во Автокоманда, каде мерната станица во моментот мери 215 ПМ 10 честички на метар кубен.
Во Ново Лисиче и Кисела Вода исто така сликата не е подобра. Тамошните мерни станици покажуваат 204, односно 187 ПМ 10 честички
Високи вредности покажуваат речиси сите мерни станици во главниот Град. Па така, во Карпош 4 во моментот има 172 ПМ 10 честички на метар кубен, во Гази Баба 170, Ѓорче Петров 151, Центар 114…
Во црвената зона влегуваат и други градови како Кавадарци со 293, Куманово со 207, Охрид со 190, Тетово со 199, Велес со 186 ПМ 10 честички во воздухот.