Населбите кои ќе останат без струја се Чаир, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Аеродром и Петровец, информира РЦУК.
Без струја ќе останат корисниците на дел од ул. „Иван Манолев”и дел од ул. „Рокомија” во општина Чаир во период од 09:30 до 12:00 часот, во периодот од 11:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од зградите и куќите на потегот меѓу улиците „Вера Јоциќ”, „Георги Димитров” и „Народни Херои”, дел од ул. „Георги Динитров” спроти бр.17, ул. „Вера Јоциќ” бр: 4, 5, 6, 10, 12, 12 а, 14, 14 а, 16 и околните во општина Кисела Вода, како и корисниците од ул. „Копрушка” (од бр.2-20 само парните броеви), во општина Ѓорче Петров
Во периодот од 12:00 до 14:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Гиго Михајловски” во општина Карпош, потоа во периодот од 09:00 до 11:00 часот корисниците од ул. „Крсте Асенов” (потрошувачите од згр.бр:6, 8 и 12), во општина Чаир, во периодот од 08:30-14:00 часот корисниците на дел од ул. „Коперникова” и ул. „Иван Тургењев”, во општина Кисела Вода, а во периодот од 10:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Кленоец” од бр.25-31 во општина Карпош.
Следува прекин и од 11:30 до 15:00 часот за корисниците од ул. „Њуделхиска” и ул.„Атинска” во општина Карпош, во периодот од 09:30 до 15:00 часот корисниците од ул. „Богомилски Поход”, дел од ул.„Тодор Чангов” и околните улички во општина Аеродром, во во периодот од 11:00 до 13:00 часот корисниците од главната улица (стар пат Петровец-Катланово R1102) во општина Петровец, а во периодот од 08:30 до 11:00 часот корисниците од ул. „Корушка” (од бр.2-10), ул. „Вангел Дуну” (од бр.2-20), ул. „Иван Цанкар” (од бр.2-80) во општина Карпош.