Без струја денес ќе останат дел од скопските општини

ИЗВОРНов Лист
|

Денес без електрична енергија ќе останат неколку улици во Општина Ѓорче Петров и Кисела Вода, поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа

Од 08:30 до 09:30 часот, дел од потрошувачите на ул. Исаија Мажовски и ул. Стево Филиповиќ во Ѓорче Петров. Од 09:00 до 14:00 часот, дел од потрошувачите на ул. Јурин Гагарин и ул. Козле 2 во Општина Карпош. Од 09:00 до 15:00 часот ул Доситеј Одбрадовиќ од бр. 1 до бр. 13, ул.Мишко Михајловски од бр. 45 до бр. 57 во Општина Кисела Вода, информираат од ЕВН.