Нови мерки ќе се воведат во Турција

ИЗВОРНов Лист
|

Според соопштението на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Турција ги затвора училиштата и воведува вечерен „полициски час” за време на викендите од 20.00 до 10.00 часот, најавувајќи нови ограничувања во борбата против кризната ситуација. По состанокот на владата што траеше повеќе од три часа, Ердоган рече дека рестораните, продавниците, трговските центри и фризерските салони ќе работат во ограничено време од 10 до 20 часот.

Турскиот претседател Ердоган нагласи дека претходниот „полициски час” за лица над 65 години ќе биде проширен за да ги опфати и помладите, вклучително и оние на возраст под 20 години. Делумниот режим на движење на овие возрасни групи ќе им овозможи да излегуваат надвор само од 10.00 до 16.00 часот.

Сите спортски настани ќе се одржат без навивачи. Кафулињата ќе бидат затворени до ново известување, кината ќе останат затворени до крајот на оваа година. Во однос на образованието, Ердоган рече дека училиштата ќе бидат затворени од петок, а наставата ќе се одвива на далечина.