Измените со кои се дополнуваат мрежните правила за дистрибуција на топлина со кои се предвидува зголемување на температурните граници при прекин на работа на топланите, беа одобрени од страна на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ), како што информираат од таму.
Целта на измените е да се зголеми комфорот на потрошувачите приклучени на системот за централно греење кои во услови на пандемија се приморани подолго време да престојуваат во своите домови.
Со измените кои ги одобривме практично се задолжува БЕГ во услови кога надворешната температура преку ден стигнува до 16 степени целзиусови да има испорака на топлинска енергија во домовите. Ги повикувам компаниите за зголемена општествена одговорност во состојба на пандемија. Воедно ги информирам потрошувачите дека се разгледува можноста за прекршочна постапка поради непочитување на одредби од Законот за енергетика и обврските дефинирани со лиценцата за вршење на енергетската дејност,“ изјави претседателот на РКЕ.