Предлог за воведување на кризна состојба на цела територија

ИЗВОРНов Лист
|

По оддржаната 10 седница на Советот за безбедност на Република Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која се расправаше за актуелната состојба со кризната ситуација во земјава и за мерките и активностите на надлежните институции.

Донесен е заклучок, односно Советот за безбедност да и предложи на Владата да прогласи кризна состојба на целата територија на Република Македонија во траење од 30 дена, изјави Претседателот Стево Пендаровски по оддржаната седница

Како додаток на изјавата, Премиерот Зоран Заев рече дека кризната состојба не значи и полициски час и евентуално воведување на рестрикции на движењето но не ја исклучи и можноста за тоа.

Премиерот Зоран Заев исто така истакна дека уште вечерва, а најдоцна до утре, ќе се помине процедурата за прогласување на кризна состојба во траење на 30 дена.