Законот сеуште не е изгласан а парите треба да се потрошат до 25-ти

ИЗВОРНов Лист
|

Имињата на лицата кои ќе добијат државна помош од четвртиот пакет мерки, ќе бидат објавени на веб страната „kupuvamdomasno.gov.mk“, 8 дена откако законот ќе се објави во Службен весник.

Финансиски средства ќе бидат префрлени на трансакциските сметки на пасивните баратели на работа, пензиониерите кои месечно земале пензија до 15 илјади денари, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади од 16 до 29 години кои не добија пари со претходната мерка, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, естрадните уметници, филмските работници, како и на граѓаните кои имаат блокирани сметки. За оваа мерка државата одвои 27 милиони евра.

Парите треба да се потрошат до 25-ти декември, но предлог текстот на законот, се уште не е ставен на дневен ред за гласање ниту наредната недела. Откако ќе биде изгласан законот ќе бидат избрани банки од кои ќе може да се користат парите и да се отворат сметки, воедно ќе бидат избрани и трговци каде ќе можат да се користат овие средства.