Денеска ќе продолжи судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз”

ИЗВОРНов Лист
|

Денеска треба да продолжи судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, во Основниот кривичен суд во Скопје каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица.

Според обвинението, биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, како правно лице обвинета е невладината организација, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ. Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски, како потпретседателка на невладината организација е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

На почетокот на минатото рочиште, првообвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, побара изземање на судијката Софче Гаврилова Ефремовска, поради како што рече, пристрасност, бидејќи била дел од судечкиот совет на случајот „Рекет“. Судијката, рече дека, барањето ќе биде проследено до претседателот на Судот.