639 лица санкционирани за неносење маска и 181 санкционирани возачи

ИЗВОРНов Лист
|

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата санкционирани се 639 лица за неносење лична заштитна маска на лице, информира Министерството за внатрешни работи.

МВР апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување моменталната ситуација.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 181 мерка, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 8 мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор. Изречени се 55 мерки за непрописно паркирање и подигнати се 64 возила со специјално возило пајак. За неносење на заштитна маска изречени се 34 санкции.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.