Евакуирани 2.800 жители поради ерупција на вулкан

ИЗВОРНов Лист
|

Локалното население беше принудено да евакуира откако вулкан во источниот дел на Индонезија се активира исфрлајќи пепел на височина од 4.000 метри

Околу 2.800 луѓе од најмалку 28 села во близина на вулканот Или Левотолок се евакуирани, соопшти Министерството за вонредни ситуации, а не е забележан ниту еден случај на загинат или повреден.

Издадено е соопштение авионскиот сообраќај да биде пренасочен во таа област, а локалниот аеродром е затворен бидејќи пепелта паднала врз аеродромската зграда и пистата.

Ерупциите на вулканот Или Левотолок, кој е висок 5.423 метри и е еден од 120 активни вулкана во Индонезија, започнаа од октомври 2017 година.