Угостителите и туристичките агенции сакаат недела да остане работен ден

ИЗВОРНов Лист
|

Угостителите и туристичките агенции мислат дека не треба да се направат никакви измени во периодот што следува, вели министерот за економија, Крешник Бектеши, за неработната недела која беше најавена од Владата.

Неби Хоџа, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, рече дека во петокот имале состанок во Владата со заменик-премиерот за економски прашања Битиќи и министерката Шахпаска.

Тој вели дека е разговарано дел од бизнисите кои оперираат за викенди да можат да си ја вршат дејноста, но да се запази вработените да имаат еден ден одмор во неделата.

Бектеши и Хоџа денска го потпишаа Меморандумот за соработка меѓу Министерството за економија и Стопанската комора на Северозападна Македонија.

„Стопанската комора располага со многу анализи кои доаѓаат од страна на бизнисот и малите микро претпријатија. Тие ќе ни користат за политиките кои ќе се креираат да бидат во таа насока каде што на рационален начин ќе се користат средствата“, рече Бектеши.