Во текот на изминатото деноноќие (30.11/01.12.2020 година) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 506 прекршоци, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со моменталната ситуација.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, 13 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 65 санкции за непрописно паркирани возила, 49 возила се подигнати од „пајак“ службата и 21 санкција за ненозесење заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информираат МВР.