Општина Гази Баба обезбеди 910 таблети за учениците од 11 основни училишта

ИЗВОРНов Лист
|

Вкупно 910 таблети денеска им беа поделени на учениците од сите 11 основни училишта во општина Гази Баба. Секое дете од Општина Гази Баба кое минатата учебна година не можеше да ја следи он лајн наставата, сега доби свој дигитален уред за учење.

Тој посочи дека е горд што таблетите стасаа до рацете на учениците, иако како што рече, општината поминала низ повеќемесечна работа во процесот на набавка на таблетите, предизвикана првенствено поради физичкиот недостаток на доволен број ИТ уреди на македонскиот пазар.

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, изјави дека два месеца чекале од ИТ компаниите да успеат да ги обезбедат потребните количини за да ја исполнат вкупната бројка од 910 таблети, но на крајот, горди се што не остана ниедно дете без уред, односно без можност да ја следи онлајн наставата.

Можам да ви ветам дека додека сум градоначалник, нема да дозволиме во Гази Баба да има дете без еднакви можности за следење на настава. Сите мои сограѓани се еднакво важни и приоритетни во мојата работа.Успеавме да обезбедиме таблети не само за децата од социјално ранливите групи, туку и децата на повеќедетни семејства кои лани мораа да учат истовремено од само еден уред, додаде Георгиевски.