Казнети 529 граѓани за неносење маски и санкциоирани 217 возачи во Скопје

ИЗВОРНов Лист
|

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се вкупно 529 прекршоци.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 217 мерки, меѓу кои 23 за возење без возачка дозвола, 16 за нерегистрирани возила, 7 за технички неисправни возила за јавен превоз, 16 мерки за користење на мобилен телефон при управување на возило, 11 за некористење сигурносен појас. Изречени се и 11 мерки за минување на затворен семафор (црвено светло), 46 за непрописно паркирање, 14 возила се подигнати со „пајак“, 14 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.