Нивото на Охридското езеро и понатаму продолжува да опаѓа. Според табелата на ЕСМ водостојот денеска е на 693,08 м.н.в или 3 сантиметри под минимално дозволената кота.
Нивото на Преспанското Езеро, пак, за 49 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум.
Зголеменото користење на водните ресурси на Охридското Езеро предизвикува осцилации кои негативно влијааат по живиот и растителниот свет но доведуваат и до нарушување на објектите на самиот брег.
За разлика од езерата, кај реките денеска ситуацијата е поразлична. Кај поголем дел од реките водостоите се повисоки во однос на вчера и на минатиот понеделник. Исклучок е само реката Пчиња кај која нивото денеска е за два сантиметри пониско во споредба со вчерашиот ден.