Филипче кажа дали ќе имаме полициски час за време на новогодишните празници

ИЗВОРНов Лист
|

Министерот за здравство, Венко Филипче, во денешното гостување во емисијата „Магазин“ рече дека смета дека полицискиот час не е решение за претстојните новогодишни празници, но предупреди дека граѓаните мора да бидат внимателни бидејќи собирите се голем ризик и можат да предизвикаат мини кластери.

Како евентуална нова рестриктивна мерка за празниците, тој најави дека на еден од следните состаноци ќе се дискутира за работното време на угостителските објекти.

Филипче исто така додаде: Мислам дека полициски час и карантин нема да има ефект за време на новогодишните празници, затоа што веќе имаме добро димензионирани мерки кои доколку се почитуваат ќе дадат ефект, и впрочем тоа се гледа. Ние веќе имаме намалување на факторот на преносливост и бројот на пациенти низ болниците во однос на тоа што беше на почетокот и првата половина на ноември. Но работното време на места на коишто може да се собираат луѓе, за тоа ќе се дискутира на состаноците.