Ве очекуваат позитивни случувања во работата и љубовта – Дневен Хороско (10.12.2020)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Можни се позитивни случувања, поволни околности, евентуално и добивка на лотарија или некои добро склучени договори кои ќе ви донесат пари. Имате шанси да се докажете на работата за која користите некој талент. Во љубовта сте прилично романтични во последно време. Можна е појава на мигрена.

Бик (21.04 – 21.05)

Сакате да вложите голема сума на пари во работата од која очекувате голема заработка но и лична сатисфакција. Љубовниот живот би можел да биде посодржински кога би имале доволно време да му се посветите. Повеќе одморајте се и релаксирајте се бидејки сте напнати и нервозни.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ве очекуваат позитивни случувања, без оглед дали се работи за работата или љубовта. Некој е подготвен да ги заштити вашите интереси, да ве поддржи во реализацијата. Многу сте креативни, мечтаете, што позитивно се одразува и на вашиот љубовен живот. Чувајте се од можни повреди.

Рак (22.06 – 22.07)

Добрите пријатели ќе ви бидат лојални и ќе имате на кого да се потпрете, особено кога станува збор за заеднички прашања. Со помош на Риби или Јарец можете да решите многубројни проблеми, особено оние од емотивна природа. Здравствната ситуација ви е добра, можни се мали проблеми со желудникот.

Лав (23.07 – 22.08)

Повеќето случувања се одвиваат токму онака како што сакате и веројатно сте нетрпеливи да откриете што се крие зад нечие воздржано или помалку непријателско однесување кон вас. Љубовта можете да ја доживеете некој пат. Можна е несоница.

Девица (23.08 – 22.09)

Преоптеретени сте со новите ангажмани и работи во кои влегувате со многу ентузијазам. Многу е поволен периодот за реновирање на станот или преселување. Имате безрезервна подршка од вашиот партнер. Поради личните амбиции веројатно и не стигнувате да мислите за себе и своето здравје.

Вага (23.09 – 22.10)

Ве очекува кратко патување и посета на личноста која живее подалеку од вас, а која ви е исклучително драга или пак вашиот партнер ќе склучи договор за работа поради која често ќе морате да патувате. Со партнерот конечно ќе успеете да најдете заеднички јазик. Здравствената ситуација конечно се поправа.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Преоптоварени сте со разните деловни аранжмани и инвестирањето на пари во некои нешта. Би требало повеќе време да им посветите на оние кои ве сакаат. Подготвени сте за нова љубов, можно со доста помлада личност. Проблеми со висок крвен притисок.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Размислувате за некои деловни понуди, но не можете да пронајдете решение. Имате добри и одлучни идеи кои сакате да ги реализирате но нешто ве спречува. Вратете се на почетокот и откријте што е тоа. Ви се допаѓа личност родена во воден знак. Можен е пад на имунитетот.

Јарец (22.12 – 20.01)

Многу сте продуктивни и ќе бидете во прилика да можете да ги решите речиси сите проблеми, особено оние финансиските. Ако сте во врска или брак, одностите ви се исклучително хармонични. Вашиот партнер планира пат во странство. Можна е појава на алергија.

Водолија (21.01 – 19.02)

Прилично сте динамични и активни, бидејќи сте комплетно збунети од многубројните, сосема различни понуди кои се предизвикувачки, но сосема поинакви од вашите амбиции. Слободните припадници на овој знак можат да запознаат некој кој ќе им стане многу значаен. Здравјето ви е добро и стабилно.

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе бидете во прилика да се видите со голем број на луѓе, да запознаете нови луѓе. Љубовниот живот е многу динамичен особено ако работите со лице кое ви се допаѓа или имате слични професии. Обрнете внимание на начинот на исхрана и избегнувајте стресни ситуации.