Знаете ли што претставуваат дупчињата и засеците на бисквитите

ИЗВОРНов Лист
|

Знаете ли зошто бисквитите “Petit Beurre” кои одбележаа многу детства, а омилени се и денес, изгледаат како што изгледаат?

Приказната започнува во 1846 година, кога Жан-Ромејн Лефевре и Полин-Изабел Утиле отвориле слаткарница во Нант. Брендот на парот станал познат како “Lefevre Utile”. Нивниот син Луис Лефевре Утиле кој го презел бизнисот 36 години подоцна, го инспирирале англиските бисквит и од тоа време, но и обликот на чаршафот за маса на неговата баба.

Со тоа, во 1886 година настанале бисквитите “Petit Beurre” чие име во превод означува “мал путер”. Некои велат дека обликот на овие кекси е внимателно одбран: има четири агли кои ги претставуваат четирите годишни времиња, 52 засеци кои ги претставуваат 52-те недели во годината и 24 мали дупчиња кои ги симболизираат 24-те часа во денот.