„Алкалоид“ пушти во употреба нови производствени капацитети

ИЗВОРТелма
|

Алкалоид пушти во употреба нови производствени капацитети – инвестиција вредна 11 милиони евра. Новите производствени капацитети за цврсти фармацевтски форми се простираат на површина од 7 000 м2 и се изведени во согласност со строгите прописи за Добра производствена пракса.

Три и пол милиони евра од инвестицијата беа наменети за целосно технолошко подготвување на Одделението за пакување цврсти форми, со површина од 2.000 м²; 5,2 милиони евра беа искористени за техничко-технолошко опремување, а 2,3 милиони евра чинеше изградбата на два нови ката наменети за производство на цврсти фармацевтски форми и придружен простор за техничко-технолошка опрема, со вкупна површина од 5.000 м².

Целта на оваа инвестиција и идните вложувања во овој оддел се во насока на зголемување на производствените капацитети на цврсти фармацевтски форми за 50 %.