Во текот на изминатото деноноќие (09/10.12.2020 година) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 465 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На териториите на Кисела Вода и Сопиште изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18, 19 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 казни за користење мобилен телефон, 20 за некористење сигурносен појас, 18 казни за минување на црвено светло и четири казни за возење под дејство на алкохол.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.