Словенија ги продолжи ограничувачките мерки

ИЗВОРНов Лист
|

Словенечката Влада ги продолжи ограничувачките мерки против моменталната здравствена ситуација, вклучително и забрана за собирање и движење меѓу општините, ноќен полициски час, запирање на јавниот превоз и затворање на продавници кои не продаваат суштинска стока.

Во соопштението на владата се вели дека мерките на претпазливост остануваат во сила, како што се носење маски на отворено и затворено, миење раце.

СТА пренесува дека е донесена одлука за отворање за јавноста на историско-културни и археолошки локалитети или ботаничко наследство, како и библиотеки и други културни институции.

Владиниот портпарол Јелко Кацин синоќа за ТВ Словенија изјави дека владата ќе разговара со претставници на здравствени установи и компании со цел да се консултира за одлуката за потенцијалните измени на одлуката.