Заради технички зафати во дистрибутивната мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општина Илинден, општина Карпош, општина Кисела Вода и општина Центар.
Во општина Карпош во период од 10:00 до 12 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „Панче Пешев“ бр. 1, 3, 5, 7 и 9, а корисниците улица „Скупи“ 5А ќе бидат без електрична енергија од 9 до 14 часот.
Корисниците од општина Илинден ќе бидат без електрична енергија од 9 до 11 часот, од с. Арачиново улица 10, улица 6 и улица 1, дел од улица „Методија Андонов Ченто“ и дел од населба Илинден ЈЦС Шпед.
Во период од 10 до 14 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од општина Кисела Вода, односно дел од улиците „Иван Козаров“, „Доситеј Обрадовиќ“, “Боте Боцевски“, ул.368, ул.553, „Виктор Иго“, „Марко Цепенков“, ул.„Емил Зола“ и дел од ул.„Киро Крстевски“.
Корисниците од село Брњаци во општина Гази Баба ќе имаат прекин на електричната енергија од 9 до 13 часот.
Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улица „Коле Неделковски“ бр. 9, 11, 12, 13, 14, 14а, 16, булевар „Илинден“ 57, 59, 61, 63, 65, 67, 68, 70, улица „8 Март“ бр.8, 8а, 10, 11, 13,18, 20, улица „Орце Николов“ бр.87, 89, 91, 98, 104, 106, во општина Центар.