На британците ќе им треба виза за влез во ЕУ

ИЗВОРНов Лист
|

Францускиот државен секретар за европски прашања, Клемон Бон денеска изјави дека на британските државјани по брегзит можеби ќе им бидат потребни визи, доколку сакаат да останат во Европската Унија подолго од три месеци.

Според пренесените податоци од Гардијан, на британските туристи ќе им биде забранет влез во Европската Унија поради сегашните ограничувачки мерки поради коронавирусот. Европската комисија посочи дека Велика Британија нема да биде исклучок.

Членките на ЕУ во октомври се согласија да го усвојат предлогот да им се дозволи на граѓаните на земјите со мала стапка на зараза да влезат во Унијата, вклучувајќи ги Австралија, Нов Зеланд и Јужна Кореја.

Само неколку земји со ниска стапка на инфекција со коронавирус се ослободени од правилата што забрануваат влез на посетители кои не се од голема важност надвор од ЕУ и Европската економска област (ЕЕА) – а Британците можат да патуваат само до крајот на преодниот период на Брегзит, односно до 31 декември.