Постојат некои нешта кои никогаш не треба да се подаруваат за време на празниците. За жал, понекогаш ги наоѓаме под елката.
Доколку овие денови планирате да им купите подароци на вашите блиски или на пријателите, предлагаме да го погледнете нашиот список од „најлоши“ новогодишни подароци кои треба да се обидете да ги избегнете.
1. Долна облека
Чорапи, пижами, ноќници… Веројатно секој некогаш добил таков подарок. Сепак, тоа се работи кои самите си ги избираме.
2. Козметика и парфеми
Кремот против брчки, гелот против целулит, серумот за подобрување на изгледот, дезодорансот или шампонот против првут се многу лоши идеи за подароци, особено ако се наменети за жена. Исто така, купувањето парфем не е добра идеја ако не сте сигурни каков мирис ѝ се допаѓа на личноста. Во повеќето случаи, парфемите завршуваат како освежувачи во плакарот или како подарок за некој друг. Евтината козметика е уште полоша опција. Понекогаш на промоција купуваме божиќни сетови од супермаркет и тоа во последен момент. Таквиот подарок е едноставно тактичен.
3. Куќни апарати
Секоја пристојна домаќинка има многу апарати за домаќинството или планира да ги купи, но не секоја жена сака да ги добие како подарок за Божиќ. Ако изберете да купите домашни уреди за божиќен подарок, треба да бидете сигурни дека тоа го сака и примачот на подарокот.
4. Украси
Фигурините, ангелите, мачињата се предмети што само стојат на полиците и собираат прашина. Ова се подароци само за страсните колекционери на украси. Таквите предмети немаат практична примена освен да собираат прашина.
5. Подароци кои ви ги подариле, па ги подарувате
Колку пати сте добиле подарок што не ви се допаднал и само сте чекале можност да му го подарите на некој друг? Проблемот се појавува кога таков подарок ќе започне да кружи во семејството и излегува дека сите веќе еднаш го добиле.