Полициски час продолжува во Грција до 7 јануари

ИЗВОРНов Лист
|

Властите во Грција соопштија дека книжарниците и фризерските салони ќе бидат отворени од понеделник, а другите продавници, забавни центри, ресторани, барови и кафулиња ќе останат затворени за време на Божик како дел од второто затворање на земјата.

Стелиос Пецас изјави дека и покрај петнеделните рестриктивни мерки, стапката на инфекција е сè уште висока поради што е оптоварен здравствениот систем.

Полицискиот час, кој во моментот е во сила од 21 часот навечер до 5 часот наутро, ќе се скрати за еден час од недела вечер, кога ќе почне во 22 часот.

Полицискиот час ќе трае до 7 јануари. Властите немаат намера да го променат тоа за време на новогодишните или божикните празници.