За Нова Година не ретко знаат да се полнат болниците поради прејадување или пак труење со храна, како и поради многу алкохол.
За Нова година сите имаме сарма на трпеза, но внимавајте колку долго ќе ја јадете. Сармата во ладилник се чува 3-4 дена најмногу, не повеќе. Замрзната се чува до 4 месеци.
Внимавајте со ова и не се прејадувајте.
Исто така треба да внимавате и на подготвеното месо кое многу брзо може да се расипе и да ви направи проблем во организмот доколку го конзумирате.
Месото особено свинското месо се чува најмногу три дена во ладилник. Не го јадете по три дена дури и да ви останала голема количина.