Ќе има ли нови рестриктивни мерки – Комисијата денес ќе донесе одговор

ИЗВОРНов Лист
|

Комисијата за заразни болести денеска треба да расправа дали за празниците ќе бидат воведени нови рестриктивни мерки и промени во однос на работата на угостителските објекти со цел да се спречи натамошно ширење.

Независната угостителска комора (НУК) вчера сооопшти дека доставила официјално барање до Комисијата за заразни болести за учество на работниот состанок.

Од НУК велат: Со нашето учество бараме да ни се овозможи да ги слушнеме грижите и оправдувањата на членовите на Комисијата за заразни болести поради кои сака да ги усвои најавените рестриктивни мерки и истовремено да ни дозволи и овозможи пред истите да ги достави до Владата и да ги објави да ни овозможи да укажеме за нивните недоследности, нелогичности, очекувани негативни ефекти и општествени последици не само за сите угостители и целокупната угостителска индустрија, туку и за сите граѓани на нашата држава.