Во океаните досега има 1,56 милијарди маски, има сериозни последици врз морските животни

ИЗВОРНов Лист
|

Се проценува дека 1,56 милијарди заштитни маски завршиле во океаните ширум светот годинава, што има сериозни последици врз морските животни и растенија, покажа извештајот на една организација за заштита на морињата.

Организацијата „Океани Азија“ (Oceans Asia) со седиште во Хонг Конг објави извештај кој покажува дека морскиот свет е загаден со дополнителни 4.680 до 6.240 тони пластика поради неправилно фрлени маски.

Потребни се 450 години за да се разградат маските, и оти дури и тогаш, микропластиката ќе им наштети на морскиот свет и на екосистемот.

Поради моменталната здравствена ситуација имало значително почеста употреба на пластика за еднократна употреба, како опрема за лична заштита, пакувања на хигиенски производи и набавка на храна за носење.

Во исто време, мерките создадени за намалување на потрошувачката на пластика, како што се забрана за пластични кеси за еднократна употреба, се „одложени, паузирани или укинати“.

Во документот се додава дека сето тоа има негативно влијание врз риболовот и туризмот, а глобалната економија ја чини околу 13 милијарди американски долари годишно.

Извештајот предлага употреба на заштитни маски за повеќекратна употреба и информирање на јавноста за правилно отстранување на отпад.