УЈП ќе го чисти списокот на добитници на ваучерот од 6.000 денари

ИЗВОРНов Лист
|

Управата за јавни приходи во текот на оваа недела треба до Генералниот секретаријат на Владата да го достави прочистениот список на оние кои добиваат финансиска поддршка од 6.000 денари за купување домашни произоди, со цел да се направи соодветна објава.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска го соопшти ова, наведувајќи дека станува збор за повеќе сетови на податоци кои трба да бидат точни затоа што сите неточни се враќаат на обработка.

Како дел од четвртиот пакет мерки, со ова се предвидува помош од 6.000 денари за повеќе ранливи категории. Станува збор за граѓани со низок доход, самохрани родители, пензионери со пензии до 15.000 денари, невработените кои се пасивни баратели на работа, самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници, корисници на право на социјална сигурнот на стари лица, деца без родители и родителска грижa.

Средствата ќе се префрлаат на трансакциска сметка на граѓаните, а треба да се искористат до 25 декември.