Оние кои постојано сакаат да си ги откриваат и испитуваат сопствените граници на размислување ќе го обожаваат овој тест за интелигенција.
Прогласен за најкраткиот IQ тест, содржи само 3 прашања чиј одговор не е така очигледен како што мислите. Во испитувањата само 33% од луѓето одговориле точно, останатите промашиле барем еден одговор. Во која група спаѓате вие?
1. Палка и топче чинат 1.10 евра. Палката чини 1 евро повеќе од топчето. Колку чини топчето?
2. На 5 машини им требаат 5 минути за да изработат 5 предмети. Колку време ќе им треба на 100 машини за да направат 100 предмети?
3. Во едно езеро има водни лилјани. Секој ден нивниот број се дуплира. Ако требаат 48 дена за целото езеро да се наполни и покрие со лилјани, колку денови се потребни за да биде покриено само до половина?