Владата вчера во соопштение ги дообјасни рестриктивните мерки објавени на попалдневна прес конференција, а кои главно беа претставени како забрана за работа на угостителските објекти до 18 часот, а дел беа препораки.
Според соопштението – сега има повеќе забрани од она што беше предочено на прес конференцијата. Па така, Владата забранува организација и одржување на било каков вид на новогодишни прослави и прослави на верските празници, како и забрана за организирање на Нова Година на отворено и затворено во организација на сите физички и правни субјекти, вклучувајќи ги и јавните институции.
Доколку организирале, хотелите треба да ги откажат новгодишните прослави. Во угостителско сместувачките објекти – хотели, мотели, хостели и слично, во нивните ресторани се ограничува работното време до 21 часот, исклучиво за пансионските гости, а се ограничува работното време во кафетериите, баровите и шанковите во угостителските сместувачки објекти до 18 часот.
Се воведува забрана за давање под наем на викендици и други туристички капацитети за сместување за групно собирање и организирање на прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници, освен за давање под наем на лица од едно исто семејство.
Дополнително, Владата и со забрани до верските организации за организирање и групно собирање на, во и околу верските објекти, по повод претстојните верски празници. За успешно спроведување на мерките Владата препорачува засилени контроли и инспекциски надзори од полицијата и надлежните инспекторати.
Се забранува организација и одржување на било каков тип на новогодишни прослави и прослави на верските празници, како и забрана за организирање на Нова Година на отворен и затворен простор во организација на сите физички и правни субјекти, вклучувајќи ги и јавните институции.
Забрана за хотелите за организирање на прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници, а ако организирале да ги откажат.
Во угостителско сместувачките објекти (хотели, мотели, хостели и слично) во нивните ресторани се ограничува работното време до 21 часот и да работат исклучиво за пансионските гости.
Се ограничува работното време во кафетериите, баровите и шанковите во угостителските сместувачки објекти до 18 часот.
Забрана за давање под наем на викендици и други туристички капацитети за сместување за групно собирање и организирање на прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници, освен за давање под наем на лица од едно исто семејство.
Владата им укажува на верските заедници за забраната од организирање и групно собирање на, во и околу верските објекти, по повод претстојните верски празници, вклучително и со препораките за прослави во домашни услови, во викендици и низ разни објекти во туристичките локации на територијата на Република Северна Македонија.