Правите голема грешка ако облеката ја перете на 30 степени: Причината ќе ве натера веднаш да престанете со тоа

ИЗВОРНов Лист
|

На колку степени ја перете вашата шарена облека? Ако одговорот е на 30 или 40 степени, имаме лоши вести за вас! Имено, температурата на перење од 40 степени е на самата граница, но 30 е критична, затоа што многу бактерии, како ешерихија коли, успеваат да преживеат дури и на 37 степени.

Со други зборови, ако постојано ја пуштате вашата машина на 30, бактериите можат да се задржат на ткаенината и потоа да се пренесат на членовите од вашето семејство.

Бидејќи температурата од 40 степени е на самата граница, микробиолозите советуваат за секој случај да не ја пуштате вашата машина на помалку од 60 степени, особено кога ја перете облеката на вашите најмали.

Од друга страна пак, кога перете долна облека, пешкири, кујнски крпи и постелнина, правете го исклучиво на 90-95 степени со цел да го заштитите вашето здравје, но и здравјето на вашите најмили.