Бектеши: Нова година нема да може да се слави во казина и обложувалници

ИЗВОРНов Лист
|

Дочекот на Новата година нема да биде дозволен  да се случи во казината и обложувалниците, посочи министерот за економија Крешник Бектеши, по информациите дека Нова Година ќе може да се прославува таму.

Бектеши вели дека казината и обложувалниците ќе можат да работат 24 часа, но дека кафулињата, рестораните и гостилниците ќе мора да затвораат во 18 часот.

Бектеши исто така посочи дека не го знае бројот на казината, обложувалниците и автомат-клубовите кои даваат и угостителски услуги, но правилото важи секаде каде што се служи храна и пијалаци и таму треба да се почитуваат мерките.