Сите знаеме дека некои производи не можат да се комбинираат. Меѓутоа, постојат нејасни, но истовремено и нездрави комбинации кои треба да ги избегнувате. Можеби ќе се изненадите кога ќе ја видите листата.
Домати и сирење
Оваа комбинација е многу вкусна, но го преоптеретува панкреасот и црниот дроб. Киселините од доматот реагираат кога се во комбинација со калциумот кој се наоѓа во белото сирење, создавајќи специфични наслаги во нашите зглобови. Нормално, не е неопходно во целост да ги исклучите доматот и сирењето од менито, но не треба пречесто да ги користите овие произоди заедно.
Помфрит и јајца
За време на пржењето компири, се формира голема количина на скроб и ка нцерогени супстанци, затоа може дополнително да ја влошите ситуацијата со протеините од јајцата.
Колачи и млеко
Ако јадете благо пециво (колачи, кекси) со млеко или какао, ризикувате за појава на киселини и непријатна ферментација во стомакот. Генерално, нутриционистите веруваат дека млекото треба да се консумира одвоено од останатите производи. Единствен исклучок е црното кафе.